Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и измените на Законот за воздухопловство, двата по скратена постапка.
Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети и во кривична и прекршочна постапка и
Предлог на законот за инспекциски надзор, двата по скратена постапка.
Пред членовите на Комисијата за европски прашања се предлог на законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање.
Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледува Предлог на законот за изменување на Законот за стоковните резерви, по скратена постапка.