Индиски милионер платил свадби на 261 девојка, кои останале без татко. Богатиот човек организирал масовен брак, пишува „Денешен.мк“.

Според индиската традиција, како што пишува „Денешен.мк“, таткото е оној кој мора да ја плати венчавката на неговата ќерка и да му понуди мираз на младоженецот. Ако родителот е починат, таа одговорност паѓа на браќата на невестата. Но, ако и нив ги нема, многу Индијки остануваат сами, особено ако не се од богати семејства, пишува „Денешен“.