Редакцијата на Курир од болнички извори дознава дека вчера во Дебар било каснато лице од змија отровница.

Лицето било касната на прстот на левата рака, веднаш реагирале здравствени лица во болницата, а потоа истиот бил пренесен на клиниката за Токсикологија во Скопје.

Став побаравме и од директорот на клиниката за Токсикологија, Андон Чибишев, кој ја потврди оваа информација.

-Во текот на минатата ноќ на клиниката за Токсикологија е донесен пациент од Дебар кој што е каснат од змија отровница. Според она што го виделе колегите во Дебар, пациентот е каснат за прст на левата рака, пациентот итно бил пренесен во медицинскиот центар во Дебар каде што ја добил потребната лекарска помош, а оттаму со возило на итната медицинска помош бил донесен на клиниката за Токсикологија каде што е примен, хоспитализиран и е под интезивен медицински надзор. Пациентот тука ќе биде неколку дена додека не се смири ситуацијата, изјави Чибишев.

Фото: Архива