Навистина, долго време граѓаните го чекаа. Практично до ова место кај што и официјално го отворивме овој прв дел од делница од Врбјани до Охрид, до Кичево има уште околу дваесетина километри, се вели во Фејсбук објавата на претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

– Од тунелите, оттаму е веќе завршен автопатот, до Кичево остануваат седумнаесет километри. Два километри се тунелите кои што се скоро завршени и остануваат петнаесет километри од излезот на тунелите до Кичево. Охрид има шест косини или свлечишта кои што се во атарот на селото Ботун. Проблемите да ги оставиме во минатото, било што било. Сега да гледаме напред. Граѓаните не избраа да ги решаваме тие проблеми. Ако беше лесно, немаше сигурно да бидеме ние. Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија, истакна Мицкоски.