Денеска во месниот комитет Влае 2 говориме за што затекнавме пред една година и како да одиме понатаму. Не навраќајќи се како беше пред една година само да кажам дека денеска бев во можност да стигнам од настани од Охрид во Влае, говорејќи меѓу другото што успеавме да пуштиме 20 километри на автопатот Кичево-Охрид.
Исто така еден од примерите како било, а како е сега е фактот дека на позитивната листа 10 години не е вклучен ниту еден лек, а за само една година имаше 2 проширувања со 11 лекови на позитивната листа од најразлични подрачја кои ќе значат реални заштеди за граѓаните, помалку пари од нивниот џеб за лекови.
Продолжуваме понатаму со нов градоначалник на Карпош, со наш градоначалник на Карпош и со наш градоначалник на Скопје. Ќе постигнеме уште повеќе.