Претседателот на СДС и чувар на тронот на Заев за Канал 5 призна дека СДС е против зголемувањето на пензиите кое пензионерите го добија со владата на Христијан Мицкоски.

Тој потсети дека СДСМ уште пред една година предупредувале дека линеарното зголемување на пензиите наводно ќе го ставело фондот во дефицит и ќе ја загрозело иднината на пензионерите. „Предупредувавме дека не треба да има линеарно зголемување“, изјави синоќа Филипче во интервју за Канал 5.

Ветувањето кое го вети и исполни ВМРО-ДПМНЕ, им пречи на СДС, како и зголемените пензии, чин кој јавно го призна нивниот претседател. Не случајно, Партијата на пензионерите го напушти нивниот коалициски блок. Да беше според кажаното од Филоипче, пензионерите денеска ќе имаа ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ЗА 5.000 ДЕНАРИ.

Со зголемувањето на пензиите од 2.500 денари во минатата есен, пензионерите веќе имаат поголеми примања за 5.000 денари за само 8 месеци. За 2025 година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра за исплата на пензиите.

Премиерот Христијан Мицкоски потенцира дека зголемувањето на примањата на пензионерите ќе ја намали разликата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој посочи дека Владата не ги прифатила предлозите на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд кои побараа зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки.

Филипче вчера изјави дека „ВМРО-ДПМНЕ живееле во балон“, но поверојатно Фројд проговори од претседателот на СДС и некој друг одамна нема допир со реалноста во Македонија. Македонските граѓани не се журкаат на Харис Џиновиќ со чартер летови и немаат златни визи за Дубаи, ниту пак добиваат на подарок џипови од 130.000 евра…