Руските сили за противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ пресретнале и уништиле 105 украински дронови над различни руски региони, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.

Дронови биле соборени во Белгородската област, Брјанск, Ростовската и Краснодарската област, како и во близина на Азовското Море.

Најголем број дронови, 26, биле уништени над Белгород, додека 25 биле соборени над Брјанската област.

Поради напади со дронови, во Русија истовремено била воведена оперативна безбедносна процедура (план „Ковјор“) на осум аеродроми, според руски извори. Летовите се прекинати на аеродромите Владикавказ, Грозни, Магас, Минерални Води, Налчик, Ставропол, Сочи и Тамбов, јавува РБЦ-Украина.

Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како последица на нападите со дронови, 25 летови се одложени. Само на аеродромот во Сочи, поради нападите со дронови, регистрирано е доцнења на 45 летови, како во поаѓање, така и во пристигнување.

Патниците чекаат укинување на таканаречениот „план Ковјор“.

Фото: Х