Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше телефонски со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Двајцата претходно разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток на 28 јули.
Путин претходно потврди дека Москва е за мирно решавање на конфликтот во областа и изрази подготвеност да помогне во преговорите за нуклеарната програма на Иран.