Отец Ивица ТОДОРОВ
Да повторам уште еднаш!
Глупавиот човек е оној тип на човек што нема осет, а и не сака да стекне сознание за својот вистински, животоодржувачки и животоосмислувачки интерес!
Под интерес, во овој контекст, не ги подразбирам основните животни потреби, туку, под интерес го подразбирам осетот, визијата и потребата да се биде дел од достоинствен, интелигентен, организиран, способен и храбар народ кој ќе биде во можност да уреди и организира држава во која секој лично, неговото семејство, неговиот народ, неговите сограѓани, а и неговите наследници ќе живеат квалитетен, сигурен, достоинствен и благословен живот, се разбира, колку што тоа е можно во овој и ваков ненормален свет!
Глупавиот човек, кој не мора да биде и интелектуално ограничен, со својата глупавост, со својата мрзеливост, со својата простотија, со својот избор да биде незаинтересиран за суштинскиот интерес на својот народ, но и со својата лукавост, корумпираност и саможивост, во голема мерка е виновен за трагедијата на својот народ и за нефункционалноста на својата држава!
Доколку во горенапишаното препознавте еден огромен процент од современите Македонци, не грешите, во право сте!
И затоа во реалноста другите, од соседите па до глобалните сили, кон нас се однесуваат, како што се однесуваат, без почит, сурово и безобзирно…а се однесуваат така зашто што нашата глупавост им дава за право тоа да го прават!
Ако се потрудевме во децениите што поминаа да бидеме, барем малку, повеќе мудри, достоинствени, суверени, обединети, интелегентни, морални, свесни за реалноста на овој свет и век, организирани…тогаш и односот на другите ќе беше поразличен, но и квалитетот на нашиот живот, а и праведноста и функционалноста на нашата држава ќе беше на друго ниво…
Така што … според изборот и резултатот, според семето и плодот…