Минатата година регистриран е зголемен број загинати во авионски несреќи во однос на претходната година, но 2018-та сепак била деветта најбезбедна година откако се води статистика.
Во авионски несреќи во 2018 година загинале 550 луѓе, додека една година претходно – 44, објави организацијата за безбедност во авионскиот сообраќај (АСН).
Најтешка несреќа беше во октомври кога авион на Лајон Ер, се урна во Индонезија при што загинаа 189 луѓе.
2017 година, била најбезбедна во историјата на комерцијални летови – ниту еден патнички авион не се урнал.
АСН објави дека во 2018 година имало 15 несреќи со смртни последици. АСН вели дека најголема загриженост предизвикуваат несреќите што се последица на губење контрола во летот бидејќи поради тоа се случиле најмалку 10 од 25 најтешки несреќи во изминатите пет години.