Во денешните израелски напади врз болницата Насер во градот Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари, соопштија палестинските здравствени власти.
Снимателот Хосам ал Масри, соработник на новинската агенција Ројтерс (Reuters) загинал во првиот воздушен напад, додека фотографот Хатем Калед, исто соработник на Ројтерс е повреден во вториот израелски напад.
Вториот напад се случил откако на местото на првиот напад пристигнале спасувачи, новинари и цивили. Во истиот момент Масри емитувал снимка во живо, кога бил смртно погоден.
Во нападите загинаа и новинарите Мариам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха.
Израелската армија сè уште не го коментирала нападот врз болницата Насер во Газа.
Палестинската новинска агенција (ВАФА) вчера објави дека израелските војници смртно го застрелале палестинскиот снимател Калед ал Мадхун. Инцидентот се случи во близина на преминот Зиким, каде се дистрибуира хуманитарната помош.
Палестинскиот синдикат на новинари соопшти дека од почетокот на војната 7 октомври 2023 година во израелските напади врз Појасот газа загинале повеќе од 240 палестински новинари и медиумски работници.
Според податоци на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) од почетокот на војната во Појасот Газа до 11 август во израелските напади загинале Израел 274 новинари и медиумски работници, од кои 269 биле Палестинци.
фото: ДПА