СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели. Цели 5 години бил следен претседателот Христијан Мицкоски, како претседател на тогаш најголемата опозициска партија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, штого пренесуваме интегрално.

СДС сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го запрат падот и да ги остварат своите приватни цели.

СДС 5 години од 2019 до 2024 година владееле со злоупотреба на службите, како да се партиска алатка за опстојување на власт.

Трагедија е како СДС ги злоупотребувале службите, кои наместо за државата, нејзината безбедност и за разузнавање биле користени за одржување на Заев, Филипче и околу нив тесната клика на власт.

За сето ова, асистенција им правел сегашниот главен обвинител Коцевски, кој бил одговорен за следење на издавањето на ПИ мерките.

Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за следење и прислушкување на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.

Истиот тој Коцевски, кој СДС силно го бранеа во Собрание, а сега гледаме и зошто.

Ова е скандал од невидени размери, и очекуваме ЈО да се надмине себе си  и да отвори сеопфатна истрага која ќе ги опфати сите и ќе овозможи одговорност за сите кои ги злоупотребиле институциите и следеле луѓе и си играле со човечки животи за власт.

Линк од видео материјал:

https://www.swisstransfer.com/d/1452e1de-16aa-4839-b415-462df73be2f0

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ