Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс генералниот секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашкоски со кеш пари, објави Курир.
Според првичните информации, кај Рашкоски се пронајдени 20.000 евра за кои немал покритие ниту биле пријавени. Неофицијално, тој овие пари сакал да ги пренесе на друга држава.
Во моментот е задржан на граничниот премин Ново Село, а разликата над дозволениот износ е конфискуван.
Инаку во прв степен, поранешниот генерален секретар на Владата, Рашкоски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.
Своевремено, кога Рашковски беше обвинуван за криминал изјавуваше дека имотот „му е чист и дека парите му се од мекици и родендени“.