Од 12 до 14 септември Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти.
Под покровителство на општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија на локација кај новиот пазар три дена ќе пулсира и живее во духот на она што југот го има како традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.
Како што вчера беше истакнато и на вчерашната ПРЕС конференција одржана во општинската зграда на која говореа градоначалникот на Гевгелија, Андон Сармандов, првиот човек на продукцијата која е коорганизтор – Пане Темов и официјалниот ПР на годинешната маниестација, Антонио Димитриевски, во нејзините содржини е предвидена и богата културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички друштва и фолк ансамбли и солисти, тука се школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, детскиот фестивал “Калинка“ и уште многу други, разновидни содржини за сите вкусови и возрасти.
Вечерните настапи и концерти на мноштвото млади, локални изведувачи и секако внимателно направен избор исклучиво од најпознатите македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови се најатрактивниот дел од програмата, во кои ќе кулминира забавата за сите генерации.
Така распоредени во три вечери, 12, 13 и 14 септември, меѓу останатите свои настап ќе имаат „Љубојна“, Дани Димитровска, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Јанг Дади… а ѕвезди не само на третата вечер туку и убедливо најголемо име на целата фестивалска манифестацијае легендарната македонска група „Меморија“ која ќе го затвори фестивалот со свој целовечерен концерт во недела, на 14. септември со своите познати хитови: „Нена“, „Одам за секогаш“, „Снежо, Снежана“„Дирлада“ … како и безвременските балади „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“ или последната „За тебе“.
Ова е распоредот на комплетната програма по денови:
Се’ на се’, во три дена во Гевелија ќе има што да се види, слушне и вкуси… Ќе биде градот во кој спојот на традицијата, културата и забавата ќе доминираат на југот на Македонија.