Во Македонија е познато дека секогаш кога ДУИ не е на власт се обидува да ја запали Македонија, некогаш буквално, некогаш фигуративно, изјави во „За или против“ на Алфа Страшо Ангеловски, претседател на МААК, кој во разговор со Љупчо Цветановски посочи дека е јасно дека со серијата пожари  некој сака пред локалните избори да предизвика чувство на страв, несигурност и паника кај граѓаните.

-Она што како перцепција го имаме сите ние зборува токму за тоа што ни се случува. Јас со име и презиме ќе ги кажам. ДУИ постојано кога не е на власт се обидува да ја запали Македонија, на овој или на оној начин. Некогаш буквално, некогаш фигуративно. Се обидува да јазапали Македонија за да се врати на власт и да си ги врати заедно со себе и своите слуги, кои цело време на ДУИ му слугуваат,  а тоа е СДСМ, потенцира Ангеловски.

-Перцепцијата е таква, ќе видиме дали ќе биде така или не, но повеќе од сигурно е дека не се случајности, дека овие пожари не се туку-така настанати и на карајот на краиштата некој како да сака токму пред локалните избори да создаде еден вид несигурност кај граѓаните, еден вид паника, еден вид страв и можност да се создаваат протести ширум државата на кои партии како радикалната левица ќе ја гради својата платформа и ќе ја гради можноста да се врати на власт, цени претседателот на МААК.

На прашањето, дали ова е тероризам, како што инамерното палење пожар  се води во дел од европските држави, Ангеловски вели дека проблемот е во лабавите, ниски казни за вакви злодејанија.

-Проблемот е што „нежно“ се суди за потпалување и предзивикување пожари, најверојатно ќе мораме да ги мануваме тие работи, а се што се’ внесува немир, неспокој и страв, се’ се подведува под терминот „тероризам“, тоа не мора да биде физички тероризам, некогаш имаме и психички тероризам, посочи Ангеловски во ТВ Алфа.