НАТО денеска ја предупреди Русија да прекине со нарушување на воздушниот простор долж нејзиното источно крило.

– Русија сноси целосна одговорност за овие дејствија, кои се ескалирачки, ризикуваат погрешна процена и загрозуваат животи. Тие мора да престанат, се наведува во соопштението на 32-те земји-членки на Северноатлантската алијанса.

Соопштението на НАТО уследи по минатонеделниот упад на руски авиони во воздушниот простор на Естонија и нарушувањето на воздушниот простор на Полска и на Романија со руски дронови.

фото: Архива