Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека предлог резолуцијата на СДСМ е за „перење“ на гревовите кои ги направиле со бугарскиот диктат.
„СДСМ сакајќи да се исперат од гревовите кои ги направија со потпишувањето и прифаќањето на бугарскиот диктат уште подлабоко влегува во проблеми и во други процеси кои што можат дополнително да и наштетат на Македонија“, вели Николоски.
Според него, тоа е нивна политика и тие најдобро знаат зошто ова го прават, иако јасно се познати кај луѓето кои не само што не ги штити туку и ги гази македонските национални интереси.
За лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека кажувл приказни од 19. век.
Според Николоски, Ахмети не може да се пофали со ниту еден проект, иако е долго во политиката.
„Не успеа да излезе од некои други времиња, не успеа да го следи трендот на времето и времето во меѓувреме го прегази, и тоа ќе го сфати на избори. Мислам дека не сфаќа дека ова не е 2001/2002 година туку 2025 година, дека тогаш немаше ни мобилни, ни смартфони, денес има вештачка интелигенција и дека комплет се сменети работите, и не може да плаши деца на улица дека некои со Албанија ќе оделе, други со Бугарија“, рече Николоски.