Манипулативните тези на СДС и на Богданка Кузеска дека платите не растат, пукаат како меур од сапуница. Пред само неколку дена ваквите нивни тези им ги поби и Државниот завод за статистика. Според најновите податоци на ДЗС, бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година, којшто, впрочем, беше и прв месец од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, што ја пренесуваме интегрално.
Само да потсетиме и дека од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Влада се покачија платите во многу сектори, како образование, здравство, безбедност и истите ќе продолжат да растат.
Линеарно се покачија пензиите на сите пензионери и нивното покачување ќе продолжи и во март следната година.
Економијата заздравува и БДП веќе четврт квартал последователно забележува раст од три или над 3%, а инвестициите растат.
ВМРО-ДПМНЕ покажа како се води грижа и се работи во интерес на сите.
Додека ВМРО-ДПМНЕ работи да обезбеди подобар живот за сите, СДС за нивното владеење донесе само сиромаштија.
Така, за време на нивното владеење, конкретно во 2023 година, 22.2 отсто од населението во Македонија било сиромашно и тоа се податоци кои ги потврди ДЗС.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива