Њујорк, 27 септември 2025 (МИА) – Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во неколкуденван работна посета на САД, објави дека присуствувала на приемот што американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го приредија по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
– Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат. Благодарност за гостопримството!“, наведува претседателката Сиљановска Давкова во објавата на Фејсбук заедно со фотографија со претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија.