Чест ми беше да присуствувам на Четвртата Глобална Женска Лидерска Конференција „Јас Сум Жена“, одржана во Македонската филхармонија – настан посветен на промоција на женското лидерство и зајакнување на женскиот глас во општеството, напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Своите инспиративни обраќања ги имаа министерката Сања Божиновска и специјалната гостинка од САД, Кимберли Флечер, позната застапничка за женски и семејни вредности. Конференцијата обедини бројни лидери и активисти кои ја споделија визијата за еднаквост, достоинство и вреднување на придонесот на жената. Верувам дека едно општество вистински напредува тогаш кога жените активно учествуваат во донесување одлуки. Да продолжиме да градиме средина каде секоја жена ќе има глас, можност и поддршка да води, истакна Стаменскоска Трајкоска.