Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, на својот Фејсбук профил објави дека заедно со Орце Ѓорѓиевски започнале од Драчево да ги претставуваат програмите за Кисела Вода и градот Скопје.
„Од врата на врата, придружени од министрите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, го посетивме село Драчево каде искрено ја почувствувавме топлината и довербата на граѓаните. Нивните зборови ‘Продолжете со вашата работа, ја имате нашата доверба’ се силна мотивација за уште поголема посветеност,“ истакна Стаменкоска Трајкоска.
Таа додаде дека Кисела Вода расте и се менува, а таа лично ќе продолжи да ја гради „успешната приказна за иднината на сите“. „Драги мои, вие го заслужувате најдоброто и затоа ве уверувам дека заедно продолжуваме да работиме за нашиот дом. Вечерва почувствував колку е силна вашата поддршка и дека ги препознавате нашите чесни намери,“ нагласи таа.
-Со љубов за Кисела Вода незапирливо продолжуваме, пишува во својата објава Бети Стаменкоска Трајкоска.