На денешниот митинг во Струга имаше свое обраќање Коста Хиохи, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Тој истакна дека како советничка листа нудат конкретна програма со проекти и визија за Струга која нуди подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

За Струга која некогаш беше град на поезијата и бисер на двете води, а стана град на диви депонии, криминал, дивоградби, локални шерифи и корупција. Дивата депонија за која општината троши баснословни суми ја контаминира целата општинска територија, подземните води, реката Црн Дрим, ни го контаминира воздухот кој директно влијае за загрозување на животите на сите нас“, истакна Хиохи.

Хиохи ги истакна проблемите со кои се соочува Струга и нагласи дека по долги стручни анализи и консултации со експерти изготвена е соодветна програма која ќе стави крај на девастацијата на градот.

Најпрво, со изборот на новиот градоначалник и Советот на општината, ќе иницираме конзервирање на дивата депонија до нејзина конечна дислокација. Набавка на нови соодветни возила за транспорт на селектираниот отпад. Паралелно на тоа, ќе извршиме ревизија на функционалноста на водоводната мрежа и детекција и санација на дефектите, но и на дивите приклучоци, при што ќе се изврши ослободување на мрежата и зголемување на нејзината функционалност и капацитет. Ќе обезбедиме средства за заживување на старата струшка архитектура. Исто така се обврзуваме да се избориме за градба на катни гаражи со преку 300 возила во најфреквентните делови на градот, со цел да го решиме проблемот со сообраќајниот хаос“ изјави Хиохи.

Хиохи укажа дека со масовна излезност на граѓаните и со заокружување на бројот 9, граѓаните гласаат за промени, за проекти и за развој на општина Струга