Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун му упати честитка на кинескиот претседател Си Џинпинг по повод националниот празник на Кина – годишнината од основањето на Народна Република Кина.
Во телеграмата, пренесена од севернокорејската агенција КЦТА, Ким изјави дека Пјонгјанг ќе ги развива односите со Пекинг „независно од тоа како ќе се менува меѓународната ситуација“.
„Корејската страна е подготвена заедно со кинеската да го зајакнува стратешкото разбирање и соработката, да работи на понатамошно јакнење на пријателските врски согласно барањата на новото време и очекувањата на двата народа, како и за заштита на мирот и стабилноста во регионот и светот“, се наведува во пораката.
Ким ги оцени пртестите во Пекинг по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна како „голем политички настан“ што „јасно ја демонстрира државната моќ и меѓународниот статус на Кина“. На воената парада на 3 септември присуствуваа Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин, Ким Јонг-ун и уште 24 државни лидери, потсетува ТАСС.
фото: архива