Министрите за финансии на Г7 денеска објавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија.

Таргетирајќи ги оние кои продолжуваат да ги зголемуваат купувањата на руска нафта, како и оние кои го олеснуваат заобиколувањето на спроведувањето на санкциите наметнати врз Русија,.

Министрите за финансии на Г7, исто така, изјавија дека се согласиле за важноста на трговските мерки, вклучувајќи ги тарифите и забраните за увоз и извоз, во напорите за намалување на руските приходи поради инвазијата на Украина.

Заедничката изјава на министрите за финансии на Г7 следеше по виртуелниот состанок.