СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша: Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог?

Дали преку таквата резолуција се нудиш како Заев што се нудеше своевремено?

СДС и Филипче мислат дека тоа што поминало еднаш, ќе помине и втор пат. Забораваат една работа, народот е мудар и не можат да го прелажат. Од километар се гледа намерата на Филипче и минирањето на македонските позиции, додаде Петрушевски.

Ако Венко Филипче е искрен тој ќе застане зад позициите на Владата, а не од национални теми да прави шибицарски фори. Венко Филипче е прочитан и народот уште еднаш ќе го казни СДС на овие избори, потенцира Петрушевски.