Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја претстави програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.
Јорданов истакна дека во програмата се предвидени мерки за поддршка на младите и семејствата, поддршка за пензионерите, најави целосна модернизација на двете основни училишта во општина Чешиново-Облешево како и решавање на проблемот со водата за пиење.
„Уште во првата година од мојот мандат, грижата за нашите најмили – децата ја ставаме на прво место, субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое новозапишано прваче. Но, субвенција и за секое талентирано дете и секој студент од нашата општина. Двете Основни Училишта од нашата општина целосно ќе се модернизираат по европски стандарди. Ќе понудиме решение и ќе побараме поддршка од Владата за решавање на проблемот со вода за пиење. До крајот на мојот мандат овој проблем едноставно мора да биде минато, немаме веќе време за импровизации и одложување“, кажа Јорданов.
Јорданов заклучи дека токму затоа е Време за вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
