Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски утрово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на овогодинешната најмасовна атлетска манифестација во Македонија, „Виз Ер“ Скопски маратон.

Повеќе од 14.000 учесници од повеќе од 50 земји низ светот го исполнија нашиот главен град со енергија, спортски дух и насмевки.
Прекрасна глетка што покажува колку Скопје живее и дише со спортот, објави Ѓорѓиевски.
Тој изрази голема благодарност до Министерството за спорт, главниот покровител на настанот и до министерот Борко Ристовски за неговата искрена посветеност и поддршка на спортистите.
Тука, сакам да најавам дека следната година и градот Скопје ќе биде покровител на овој настан! Трчањето е најдобриот начин да го чуваме нашето здравје и дух. Да бидеме активни, силни и во движење, секој ден, додава во објавата.
Следната година уште помасовно, со уште повеќе енергија и победнички дух. Нека победи најдобриот!, повика кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.