ОЈО за гонење организиран криминал и корупција да не е на одмор? Да не мислат дека злоупотребите на службите ќе поминат туку така? Демек фатија избори и готово, би свадба и помина… Без нималку скромност, јавно и отворено кажувам дека не смее да се ставаат под тепих нарачките, злоупотребите и сатанизирањето на тие на кои им го должат мирот и државата, посочува Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо благодарност до нив, тие го удриле сатарот. Класичен антимакедонски чин. Е, па таквите ликови – и нарачателите и извршителите не смее да шетаат слободни и да мешетарат низ државата туку треба да одговараат. Па дури да земаат и државни плати и пензии. Кратко и јасно – мора да одговараат, вели Ковачки.
„Бандата црвена мора да се демонтира до последен! Прочка не смее да има“ – порача тој.