На митингот на коалицијата ВРЕДИ за локалните избори во општина Арачиново, еден од лидерите на коалицијата и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговори на изјавите на неговиот противкандидат Бујар Османи, повторно повикувајќи го на јавно соочување пред граѓаните.
Меџити дополнително истакна дека неговиот политички противник, откако видел дека губи терен, се обидува со задоцнето глумење да создаде лажен впечаток.
Толку се контрадикторни и не знаат што зборуваат. На почетокот на кампањата јавно го повикав мојот противкандидат да излеземе на телевизиски дуел, да се соочиме, затоа што ВРЕДИ донесе конкуренција меѓу Албанците, конкуренција на албанската политичка сцена, конкуренција во идеи, во програми. Нека биде тоа политичка трка, кој ќе направи повеќе за Арачиново, кој ќе направи повеќе за Чаир, за нашите општини. А неговиот одговор беше: Јас ќе излезам на дуел со Мицкоски, не со овие! А вчера и завчера го слушнав, откако виде дека ја губи битката и нема што повеќе да изгуби, отиде и глумеше пред МРТВ, „Еве дојдов, Изет не дојде“. Му одговорив и писмено, но ќе го искористам и оваа место, Арачиново, непокорената тврдина, за да му порачам: Бујар, избери го местото, избери го медиумот, сам, заедно со Али Ахмети, со Артан Груби, со твојот тим, со ПР агенциите што ги имаш, ајде во кој сакаш медиум, на мегдан, на плоштад, каде што сакаш, таму ќе дојдам. Ќе ги соочиме нашите политички аргументи, нашите идеи, нашите проекти, нашата програма, нашата визија,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, воедно и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир.