Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер го поздрави вчерашниот „историски ден“, кога клучните држави се согласија со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа.

Стармер, кој присуствуваше на потпишувањето на примирјето во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, најави дека Велика Британија ќе има клучна улога во набљудувањето, зачувувањето на примирјето и реформирање на структурите на Хамас и предавањето на оружјето.

– Значи, денеска прашањето сега се префрла на тоа како да го спроведуваме договорот и како сега се осигураме дека ќе се спроведе. Многу е важно да се фокусираме на тоа. Сега не смееме да правиме никакви грешки, наведе Стармер.