Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Тој даде изјава за медиумите.

-Она што ние планираме да го правиме во здравството по завршувањето на локалните избори ќе бидат озбилни структурни реформи. Бидејќи имам чувство дека годишно трошиме една милијарда евра, а не го добиваме она што граѓаните и пациентите го заслужуваат, така и здравствените работници. Мислам дека има премногу надворешни влијанија. Тие надворешни влијанија треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во кој ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека ваквите иницијативи секогаш се добредојдени.

-Му честитам на директорот и на министерот за здравство за неговата поддршка, како и на сите луѓе кои што се инволвирани, а пред се и над се на здравствените работници кои биле дел од оваа клиника и работеле во услови кои не биле услови, потенцира Мицкоски.