Портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус ја опиша средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски како конструктивна, откако украинскиот лидер имаше телефонски разговор со европските лидери, вклучувајќи го и германскиот канцелар Фридрих Мерц, по средбата со Трамп, објави ДПА.
Мерц и другите европски лидери наводно ја поздравиле „тесната трансатлантска соработка“ и ја нагласиле потребата од постигнување праведен и траен мир за Украина.
-На Украина сега ѝ е потребен мировен план, рече Мерц по разговорот со Зеленски.
Германската влада соопшти дека европските лидери ветиле поддршка за Украина, со цел да ја поттикнат Русија на сериозни преговори. Мерките во оваа насока вклучуваат зајакнување на санкциите и користење на замрзнатите руски државни средства.
-Володимир Зеленски ја има целосната поддршка од Германија и нашите европски пријатели на патот кон мирот, рече Мерц, истакнувајќи дека лидерите се координирале по средбата на Зеленски со Трамп и дека внимателно ќе следат што ќе се случи следно.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и раководителите на европските институции, исто така, учествуваа во разговорот на Зеленски со европските лидери.