Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50 отсто освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг
Инаку, изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.

На вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, а според првичните неофицијални резултати најголем дел од нив се кандидатите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, според обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите на 3 472 од вкупно 3 474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини, а избрани уште во првиот круг.

Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50 отсто освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг.

Од останатите учесници во трката за градоначалник, обработените податоци покажуваат дека во првиот круг Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во две повеќе, односно пет, а коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во 4 општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај, бидејќи, како што веќе наведивме погоре, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

Социјадемократскиот сојуз во првиот круг освои градоначалнички места во општините Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Коалацијата ВЛЕН во трката за градоначланик во првиот круг поведи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

Новниот политички опонент, коалцијата НАИ, предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.

Инаку, изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.