На 23.10.2025 во 00:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од с.Голема Речица.
-Полицијата постапила по претходна пријава дека истиот ден во 10:00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв” со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки” со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Фото: Архива