Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Владината прес-служба најави дека Мицкоски во ГОБ „8 Септември“ ќе изврши увид на нова апаратура која ќе биде поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација.
По посетата е предвидена изјава за медиуми.




