Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, ќе биде распуштена по локалните избори и дека во редовите на интегративците следуваат структурни промени. објави Скопје1.мк.

Меџити, кој го порази Бујар Османи од НАИ уште во првиот изборен круг, ова го кажа во гостување на ТВ 21, коментирајќи ги политичките текови во албанскиот блок по изборите. објави Скопје1.мк

Тој изјави дека во ДУИ и НАИ очекувале да придобијат дел од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН, но дека резултатите од првиот круг покажале спротивно.

„Со заминувањето на Таравари пред шест месеци, мислеа дека имаат 90 отсто од гласачкото тело. Но, лидерите може да си заминат, членството останува. Тоа и се докажа. Тие не го очекуваа овој резултат и сега не станува збор за чувство на пораз, туку за чувство на загубена надеж. Очекувам НАИ да се распушти и да се создадат нови движења,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека дел од гласачите на НАИ веќе воспоставиле комуникација со ВЛЕН, со цел да му се приклучат на ова движење. „Добар дел од нив почнуваат да се движат кон ВЛЕН. Постојат комуникации,“ нагласи тој.

Во однос на шпекулациите дека лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, би можел да се приклучи на Владата, Меџити рече дека не ја исклучува таа можност.

„Не го негирам тоа. Можно е. Политичката сцена кај Албанците стана многу измешана, се случија турбуленции и мислам дека ќе има уште,“ изјави Меџити, пренесе МИА. објави Скопје1.мк