-Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии од Кичево каде доцна вечерта замина да му ја честита победата на Александар Јовановски над Фатмир Дехари.

Претходно, во Скопје, Мицкоски порача дека со ова заврши ерата на раскалашаноста на Дехари и дека со Јовановски почнува ера на соживот и просперитет во Кичево.

Фото: ФБ Христијан Мицкоски