Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан, започнување со изградба на културен дом во општина Петровец:

„Добар ден и од мене.Изборите завршија, да продолжиме со реализација на проектите тоа што сме го ветиле и земале обврска пред граѓаните да го реализираме. Јас му честитам на градоначалникот, навистина многу посветено работи што впрочем го покажува изминативе години и не случајно е и по 5 пат избран за градоначалник на Општина Петровец, уште поубедливо него ли во минатите неколку пати. Навистина благодарен сум за сето тоа што го прави за жителите на Општина Петровец и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините во испорачување на проекти коишто ќе значат додадена вредност во животите на граѓаните.Ви благодарам.“