Доколку граѓаните беа навистина незадоволни од работата на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да и дадат толкава и убедлива поддршка на локалните избори. Тоа е најјасната порака од народот дека има доверба во политиките кои носат резултати. Како може токму партијата која со години го оштетуваше државниот буџет за лични и партиски интереси, денес да држи прес-конференции за подобар животен стандард и економија, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМЕ на прес-конференцијата на СДСМ, којашто ја објавуваме интегрално.

Колку е иронично што СДС зборува за инфлација  кога токму во нивно време државата се соочи со двоцифрена инфлација и економска нестабилност.

Наместо да излегуваат со вакви теми во јавноста, за кои народот очигледно не им верува, најдобро би било СДС конечно да се посветат на внатрешни реформи, да расчистат со старите структури и да понудат барем трошка кредибилитет пред јавноста.

Фото: Архива