Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека денеска имал телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

Во разговорот, како што наведува Муцунски, било потврдено продолжувањето на конструктивната и блиска соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.

Според Муцунски, двајцата размениле мислења за потенцијалот за дополнително зајакнување на економските врски, зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.

Тој ја реафирмирал силната посветеност на Македонија кон продлабочување на билатералните односи со САД и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот.