Турција ќе побара од американските претставници за време на преговорите во Анкара, САД да и ги предадат воените бази во Сирија или да ги уништат, објави весникот „Хуриет“.
Тоа барање може да ги усложни дополнително преговорите за повлекувањерто на американскиуте сили од Сирија.
Советникот на американскиот претседател за прашања за национална безбедност, Џон Болтон разговарашпе денеска со Ибрахим Калан, портпарол на претседателот и заменик претседател на Советот за безбедност и надворешна политика. Тоа се случува неколку денови откако Болтон поставни услови за повлекување од Сирија – заштита на курдските Сили за заштита на народот, сојузник на Вашингтон во борбата против ИД. Анкара нив ги смета за терористичка организација.
Минатиот месец американскиот претсеадтел Донадл Трамп изјави дека ќе ги повлече американскит војски од Сирија и објави успешно завршена мисија за уништување на ИД. Таа одлука беше изненадувачка за многу сојузници на САД и поради тоа, оставка поднесе американскиот министер за одбрана, Џим Матис.