Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на Македонија, поточно во Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.