Германскиот концерн „Рајнметал“ (Rheinmetall) најави нов договор за испорака на Украина на модерни системи за противвоздушна одбрана. Целиот износ на нарачката, во висина од стотина милиони евра ќе го плати една земја-членка на Европска Унија од приходот од замрзнатиот руски имот.
Украина ќе добие дополнителни мобилни противвоздушни системи со краток дострел „Скајренџер 35“ (Skyranger 35) што ќе бидат поставени на шасијата на тенковите „Леопард 1“.
– „Рајнметал“ на Украина ќе и испорача и дополнителни системи за ПВО со краток дострел „Скајренџер 35“. Вкупната вредност на нарачката е трицифрена, милиони евра. финансирањето ќе биде обезбедено од земјите-членки на ЕУ користејќи приходи од замрзнатиот имот на Русија, се наведува во соопштението на германскиот концерн.
„Скајренџер 35“ е опремен со револверски топ со калибар 35 милиметри, кој достигнува брзина на истрелување до 1.000 куршуми во минута и е ефикасен против цели на оддалеченост до четири километри. Овој систем се смета за еден од најмодерните во својата категорија и е наменет за заштита на војниците и инфраструктурата од беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско.
фото: архива




