Исклучително добар одзив има на повикот за ваучери за студенти за електронски уреди, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Како Влада го ветивме и го испорачуваме проектот, посочи Мицкоски.
Додаде дека го загрижуваат појавите за евентуална препродажба на ваучерите.




