Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Кривичниот суд во Скопје
Случајот со денешните апсења во УЈП може да се гледа од повеќе аспекти:
– се поврзува со пожарот, а врска нема со истиот, но има позадина Обвинителството да прикаже дека власта и нејзини структури се виновни за криминал во нивните редови, нешто слично како со апсењето на директорот на агенцијата за поддршка на земјоделството, а суштината е дека СДС и ДУИ ги користат инсталациите во институциите за борба против власта со подметнување, конструирани случаи, врз кои се става фокусот, за да се дефокусира нивниот криминал и да не се постапува по нивните тешки злоупотреби, а земјоделците да ги изгубат приходите зошто ЕУ ќе ги повлече кога ќе види.
– ако се вака ажурни институциите да постапат после 7-8 месеци со апсење на веќе познати лица, под претпоставка за корупција врз основа обезбедени докази од телефони што произлегле од друг кривично правен настан и кои ги има Обвинителството уште од тогаш, а на чуден начин и покрај забраната од ЗКП ги споделило да бидат објавени на опозициски истражувачки медиуми пред некој месец, се поставува прашање зошто за корупција не се гони и некој од Обвинителството кој ги споделил пред некој месец јавно преку одредени медиуми. Па нели е и тоа корупција?!
– замислете го и ваквиот след на настани, се случува “Кочани” трагедија од невидени размери, Обвинителството со месеци дреме во постапката и се креира предмет во кој сега постапуваат дури 8 обвинители кои веројатно ќе зборат во хор (ова мислам дека не е видено никаде во светот до сега и слободно Коцевски со оваа организација ќе влезе во Гинис за обвинители по глава на предмет – осум – за да манифестира сила или што?) а ваму се жали немал обвинители. Исто чудно е како ќе постапуваат овие сите во тимот кога таму има и основни и виши обвинители нели постои утре жалбена постапка и нели се нарушува системот на двостепеност, вишите постапуваат пред Апелационен суд?!
– за да биде трагедијата поголема, иако Коцевски и неговото Обвинителство знае за денес уапсениве уште пред месеци во Судскиот совет (оној корумпираниот на Весна Дамева, нели) се бира ВД претседател на Кривичниот суд и тоа сестрата на денес еден од уапсените од УЈП, ама пред да се дознае дека нејзиниот брат е инволвиран во некакви пораки кои наводно укажуваат на корупција?! И ете ти комуњарско сценарио и стратегија, ние ја избравме ама таа е “ваша”(објавија која била и каде работела) и еве брат и фатен во корупција “со докази”, а предметов за пожарот се суди таму во Кривичен, пак власта демек мести нешто?! Стапица до стапица!
– да беа Коцевски и неговите обвинители толку ажурни да ги одземеа денес сите телефони по оваа пракса од цела администрација или еве цела УЈП, па и од целото правосудство судии и обвинители што мислите колку уапсени ќе имаше денес? Ама не, Коцевски и правосудството се тука фокусирани!
Мислам дека институциите со криминални инсталации сериозно и објавија војна на Владата. Во позадина седат други инсталации на длабоката држава кодошат по амбасадите и спремаат извештаи за новиот извештај на ЕУ за 2026, 2027…
Само размислувам…




