Хрватски полицаец денеска пукал од службениот пиштол во самоодбрана од напад на непознато лице на територијатана општина Нетретиќ, соопшти карловачката полициска управа.
Како што неофицијално се дознава, станува збор за мигрант кој илегално влегол во Хрватска и исто така илегално се обидел да влезе во Словенија, во овој пограничен дел од Карловачката жупанија, а полицаецот се обидел да го спречи.
– При обид за заштита на границата со Република Словенија, полицискиот службеник употребил огнено оружје како средство за присила. Заради одбрана од непосредниот напад пукал во земја во моментот кога непознатото лице се обидело физички да го нападне. Напаѓачот се наоѓа под контрола на полицијата и во тек е спроведување на истрага, по која за сите детали ќе ја информираме јавноста, известија од карловачката полициска управа.