Поранешниот англиски фудбалски тренер Мајкл „Кит“ Карсон загина во сообраќајка на денот на судење поради обвинувања за сексуално злоставување, јави Би-Би-Си.
Мајкл Карсон (75) е обвинет за најмалку 11 случаи на сексуално злоставување деца под 16 години во периодот од 1978 до 2009 година.
Тој вчера во 9:45 по локално време скршнал од главниот пат и со автомобилот се забил во стебло во близина на селото Ботишам источно од Кембриџ, соопшти полицијата. Животот го загубил на местото на несреќата. Судот бил известен денеска за неговата смрт и издале налог да се затвори случајот.
Карсон работел за фудбалските клубови Питерборо јунајтед, Кембриџ јунајтед и Норвич сити.