Денес сме пред вас за да го изразиме длабокото загриженост на Демократската унија за интеграција во врска со оценките на Европската комисија во Извештајот за 2025 година, особено за Кластерот 2: Внатрешен пазар, рече на денешната прес-конференцијата потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, што МИА ја пренесува интегрално.
Извештајот на Европската комисија е јасен, директен и крајно алармантен: Северна Македонија нема постигнато неопходен напредок во функционирањето на внатрешниот пазар и во усогласувањето со европските стандарди. А тоа има последици за секој граѓанин и за секој бизнис во земјата.
Европската комисија оценува дека длабоки структурни пречки и недостаток на професионално одлучување од страна на актуелната влада сериозно го забавиле усогласувањето со acquis-то на Европската унија.
Овој кластер ги опфаќа главните столбови на современата економија: слободното движење на стоки, услуги и капитал, конкуренцијата, заштитата на потрошувачите, интелектуалната сопственост и јавните набавки. А за секоја од овие области, ЕУ има сериозни забелешки.
Прво – Слободно движење на стоки.
Европските стандарди не се применуваат соодветно.
Усогласувањето со директивите е делумно, додека инспекторатите и сертификациските агенции немаат потребни капацитети. Ова значи ризик за квалитетот на производите и за безбедноста на граѓаните.
Второ – Конкуренција.
Комисијата за заштита на конкуренцијата нема потребна ефикасност.
Политичките интервенции и селективните субвенции продолжуваат да го нарушуваат пазарот. Бизнисите не функционираат во еднакви услови.
Трето – Заштита на потрошувачите.
Напредокот е минимален.
Владата нема создадено функционални механизми за заштита на граѓаните од неправични пазарни практики. Институциите немаат капацитет ниту да контролираат, ниту да санкционираат.
Четврто – Услуги и капитал.
Лиценцирањата, одобренијата и административните процедури се застарени и често политизирани. Овие бирократски бариери ги одвраќаат професионалците и инвеститорите, странски и домашни.
Петто – Интелектуална сопственост.
Пиратеријата и фалсификувањето и понатаму се раширени. Надлежните институции не даваат видливи резултати.
Шесто – Јавни набавки.
Иако законите се модернизирани, нивната примена останува слаба. ЕУ јасно забележува низок степен на транспарентност и висок ризик од корупција.

Почитувани граѓани,
Во годинешниот извештај, Европската комисија јасно укажува и на едно многу важно прашање за економската благосостојба на секое семејство во земјата:
Доценењето во спроведувањето на реформите предвидени со Growth Plan for the Western Balkans директно го загрозува повлекувањето на гарантираните средства од Европската унија за Северна Македонија.
Ова е сериозен аларм.
Планот за раст предвидува значителни средства за земјите од Западен Балкан, средства кои имаат за цел економски раст, модернизација на економијата, поддршка за домашниот бизнис и подобрување на животниот стандард. Но овие средства се доделуваат само доколку реформите напредуваат.
Доцнењата, административните блокади и недостатокот на усогласување со стандардите на ЕУ ја оставаат земјата зад регионот и го загрозуваат пристапот до средства што им припаѓаат на нашите граѓани.
Пораката на ЕУ е недвосмислена:
Северна Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар. Владата нема преземено неопходни реформи за да создаде отворена, конкурентна и транспарентна економија.
Демократската унија за интеграција оценува дека:
• државата не успеала да обезбеди функционален и правичен пазар;
• бизнисите останале незаштитени од нелојална конкуренција;
• граѓаните не се доволно заштитени како потрошувачи;
• економијата е сè поранлива на злоупотреби и неформалност;
• и земјата ризикува да загуби значајни финансиски можности од ЕУ поради незавршени реформи.
ДУИ останува силно посветена земјата:
• целосно да го усогласи законодавството со acquis-то на ЕУ,
• да гарантира фер и политички независна конкуренција,
• трајно да ја зајакне заштитата на потрошувачите,
• да го забрза спроведувањето на реформите од Growth Plan,
• и да изгради модерна, отворена економија целосно усогласена со европските стандарди.
Внатрешниот пазар е моторот на економијата на Европската унија. Без негово длабоко и искрено реформирање и без соодветен ритам во Планот за раст, европската интеграција на земјата останува само неисполнето ветување.
ДУИ ќе продолжи да биде гласот што бара, предлага и брани реформи кои ја приближуваат Северна Македонија до Европската унија и обезбедуваат благосостојба за сите граѓани.
https://www.facebook.com/share/v/14QX8AnY9Em/?mibextid=wwXIfr
Фото: Архива




