Утре всо почеток од 11:30 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи саем на граѓански организации под наслов „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“.
Настанот е организиран од Националниот форум на Цивика мобилтас, а на него ќе присуствува и ќе има свое обраќање претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Саемот има за цел да ја промовира соработката меѓу владините институции и граѓанските организации, како и да овозможи директна комуникација и размена на идеи.




