Јавноста малку знае за приватниот живот на досегашниот вицепремиер и старо-новиот градоначалник на Чаир Изет Меџити.

Во интервју за КУРИР тој зборуваше за актуелните политички теми, за битката со ДУИ за скопски Чаир, односите во Владата, но го прашавме и за слободното време.

Нема многу слободно време за концерти и спортски натпревари, но се надева дека во иднина ќе биде послободен.

Најважно,  батериите ги полни во дружба со своите три деца. Нив им го посветува своето слободно време.

-Слободното време  го поминувам со децата, посебно со помалите бидејќи Рон е веќе матурант, се спрема за студии, додека Арбан и Редон се помали и дружбата со нив ме исполнува, рече тој за КУРИР.

Го прашавме дали неговите три деца покажуваат амбиции да го наследат во неговата кариера.

-Не, напротив. Иако е рано, од тоа што сега го гледам, не се склони кон политиката. Повеќе ги интересираат други активности, имаат други интереси, рече Меџити.

Целото интервју со Меџити погледнете го во продолжение: